Connect with us

Други спортови

Надал за случувањата во Шпанија: “Народот е изманипулиран, а последица на тоа е хаосот кој се случи. Срцето ми е скршено“

Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал е на турнир во Кина но не можеше да остане рамнодушен на случувањата во Барселона каде каталонците изгласаа независност:

„Кога видов што се случува бев изненаден и многу разочаран. Единствен правилен начин е да има дијалог меѓу двете страни. Само така може да се дојде до договор. Насилството не е решение. Ќе живееме заедно до крајот на животот. Народот е изманипулиран, а последица на тоа е хаосот кој се случи. Срцето ми е скршено“, додаде Надал.