Connect with us

Фудбал

Нагелсман го потврди новиот трансфер: „Може да биде меѓу најдобрите напаѓачи во светот“

Тренерот на Баерн, Џулијан Нагелсман го потврди доаѓањето на францускиот напаѓач Матис Тел (17) во клубот.

Баварците вчера се договорија со Рен за трансферот на талентираниот тинејџер. Комплетната работа е завршена за 28 милиони евра и наскоро клубовите ќе го потврдат договорот.

Џулијан Нагелсман без проблем потврди дека зделката е завршена и задоволен е што го има 17-годишниот во својот тим.

„Може да стане еден од најдобрите напаѓачи во светот. Мислам дека може да постигнува 40 гола по сезона. Ќе бидам задоволен со 10 во првата сезона“, изјави Нагелсман и додаде:

“Тој е млад и талентиран. Може да игра на неколку позиции во нападот, брз е и силен, знае како да ја задржи топката”.

Тел во наредните денови ќе го комплетира трансферот во Минхен. Ќе го добие дресот со број девет што го носеше Роберт Левандовски пред години и ќе видиме како ќе му оди во Минхен.

Голема работа е да потпишеш за Баерн на 17 години и сигурно има големи предизвици пред него.

Пред Тела во Минхен стигнаа Матијс де Лихт, Садио Мане, Рајан Гравенберч и Нусаир Мазрауи.