Фудбал
Нагелсман мораше да добие лекарска помош во 35. минута, причината е бизарна
Фудбалерите на Баерн Минхен победија синоќа на домашен терен против Баер Леверкузен.
Домаќините беа фаворит на овој натпревар, кои многу полесно од очекувањата стигнаа до победата и на крајот славеа со 4:0.
Сепак, најинтересната сцена се случи во близина на теренот, во 35. минута од натпреварот, кога требаше да му се помогне на тренерот на домашната екипа.
Имено, како што пренесува германски Билд, лекарот на домашната екипа бил принуден да му помогне на Нагелсман кој останал без глас.
Единствено што лекарот можел да му понуди на Нагелсман биле таблетите за гласните жици, па тренерот на Баерн го послушал докторот и веднаш ги испил.
По неколку минути беше јасно дека лекарската помош е успешна, бидејќи јасно се слушаше како Нагелсман го прославува третиот гол на Баерн.
Интересно е што на Нагелсман не му се случуваат првпат вакви работи, но досега не му била потребна лекарска помош, а гласот сам по неколку минути му се вратил.
Првпат тоа му се случи на актуелниот тренер на Баерн во 2019 година, кога беше тренер на Лајпциг на мечот против Хофенхајм.
Очигледно по тој меч Нагелсман почна со одредени вежби за дишење, кои до вчера беа од помош.
Останува да се види дали ќе се случат слични работи во наредниот период, но секако е многу ретка појава во тренерскиот бизнис да се случува вакво нешто.