Поврзи се со нас

SPORTM.mk

Наградата „Златно момче“ му припаѓа на Халанд

Халанд е добитник на наградата „Златно момче“ како најдобар млад играч во светот.

Напаѓачот на Борусија Дортмунд и норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд започна со собирање награди, и се предвидува светла иднина.

Тој официјално ја освои наградата „Златно момче“, како најдобар млад играч во моментов, совладувајќи ги Ансу Фатин од Барселона, кој беше рангиран на второто место, и Дејвис од Баерн Минхен, кој се искачи на подиумот како трет.

Родриго и Винисиус од Реал Мадрид исто така беа во конкуренција за наградата, но заостанаа далеку.

Наградата „Златно момче“ ја доделува весникот Тутоспорт, по интензивниот процес на гласање.

Во последните три години, оваа награда ја освоија играчи како Килијан Мбапе (2017), Матијас де Лихт (2018) и Жоао Феликс (2019).

Халанд имаше фантастична сезона во својата прва година во Бундеслигата, сè додека не го започна фуриозно второто издание.

Синот на поранешниот напаѓач на Лидс Јунајтед, Алф-Инге Халанд, постигна 11 гола на 11 натпревари за Борусија Дортмунд оваа сезона во сите натпреварувања.

 

loading...

Facebook