Connect with us

Фудбал

Наинголан откри како го третираа во Интер: „Среќен сум што погодив“

Белгискиот интернационалец Раџа Наинголан беше првото име на мечот Интер – Каљари.

Наинголан постигна гол за 1:1 во 78. минута од натпреварот, а по натпреварот изрази задоволство затоа што постигна гол против поранешниот клуб.

„Нероазурите“ се ослободија од одличниот играч од средниот ред ова лето кога беше испратен во Каљари, но тој денес дојде по своето.

„Од една страна, жалам за моите навивачи и соиграчите затоа што го почитувам Интер, но од друга страна, сум задоволен. Тие ме третираа лошо како да сум просечен играч”, рече Белгиецот.

Патем, Интер е омилена жртва на Наинголан во Серија А. Тој денес го постигна својот шести погодок против нив. Четири од тие голови Интер ги прими како домаќин.