Connect with us

Фудбал

Наинголан задоволен: Залуживме да победиме

Играчот од средниот ред Раџа Наинголан смета дека неговата екипа заслужено победи во Лигата на шампионите.

Нероазурите играа против Тотенхем и со пресврт во самиот финиш на натпреварот дојдоа до победа од 2:1. Наинголан смета дека неговата екипа одигра добар натпревар и дека заслужено победиле.

„Ова е заслужен резултат, затоа што игравме навистина добро. Примивме гол затоа што тие имаа среќа, но во другото полувреме успеавме да влеземе во ритам и да одиграме навистина добро“, рече Наинголан и додаде:

„Имаме добра екипа и мораме да продолжиме да работиме напорно за да го активираме нашиот потенцијал. Важно е во секој натпревар оствариме победа, затоа што напредувате само кога добивате три бода. Лично не сум задоволен од формата, но пропуштив добар дел од припремите и играњето ми помага да се вратам таму каде што сакам да бидам“.

Интер во следното коло од групната фаза во Лигата на шампионите му гостува на ПСВ.