Connect with us

Тајмаут

Најавата на Џо Бајден за натпреварот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Првиот натпревар од осминафиналето на Светското првенство е натпреварот помеѓу Холандија и Соединетите Американски Држави кој започна во 16 часот. Американците го најавија натпреварот со помош на претседателот на државата Џо Бајден, кој на видеото ја фаќа топката во раце, вели “It’s called soccer” и му посакува среќа на својот тим во остатокот од натпреварувањето.

Ова видео предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Имено, „soccer“ е името за фудбалот што го користат Американците, додека американскиот фудбал се нарекува „football“. Ваквото име со децении ги нервира Британците, кои само својот „football“ го препознаваат како фудбал и се згрчени од зборот „soccer“.

Поради ова Бајден привлече бројни реакции на социјалните мрежи. За два часа само на Твитер собрал повеќе од 35 илјади лајкови и околу пет илјади коментари во кои луѓето најмногу се плашат од зборот „фудбал“. Погледнете го видеото.