Connect with us

Фудбал

Најбогатиот фудбалер на светот остана без клуб, му го раскинаа договорот без една минута да одигра

Фудбалерот за кој се проценува дека е најбогат во светот доби отказ без одиграна минута за сениорскиот тим.

Тоа е Фаик Болкија и внук на принцот од Брунеи.

Се проценува дека е „тежок“ повеќе од 20 милијарди долари, но понекогаш ни парите не се доволни да го исполни тоа што го сака.

За споредба, тој е 30 пати побогат од Лионел Меси, 50 пати побогат од Нејмар …

Неговата најголема желба беше да стане фудбалска ѕвезда, а сега доживеа едно од најголемите понижувања. Португалскиот Маритимо го раскина договорот без одиграна минута за сениорскиот тим

Челниците на клубот се обидоа да му дадат шанса, го испратија во друга екипа, но и таму не се снајде. Најблиску за деби беше минатата сезона кога се најде на клупата за резерви на мечот против Спортинг Лисабон.