Connect with us

Фудбал

Најбогатиот фудбалер на светот „тежок“ 20 милијарди евра, итно хоспитализиран (ФОТО)

Најбогатиот фудбалер на светот, Брунејанецот Фаик Болкиах, заработи тешка повреда која долго ќе го оддалечи од фудбалските терени. Внукот на султанот од Брунеи настапува за Рачабури во тајландската Премиер лига и тешко се повреди по дуелот со противничкиот фудбалер и итно беше префрлен во болница каде беше опериран. Болкиах (25) се повреди откако влезе како замена на полувремето против Полис Теро на стадионот Буњачинда.

Болкиах, чие семејство има богатство од 20 милијарди евра, од почетокот на кариерата е на надолна патека. Како член на семејството на султанот Брунеи, тој дојде преку младинската академија на Челзи, Саутемптон и Лестер, но не успеа никаде да се пробие до првотимскиот статус. Во 2020 година, тој ја побара среќата во португалски Маритимо. Но, таму не успеа да се наметне, но не сакаше ниту да ја заврши кариерата. Ја прифатил поканата од далечниот Тајланд и решил да почне од нула. Она по што е познат и овој фудбалер е неговото второ хоби, а тоа е дека сака да игра фудбал со своето „милениче“ – тигарот.