Connect with us

Фудбал

Најбогатиот клуб во светот беше првиот во лигата кој направи шест замени на еден натпревар. Еве како

Њукасл ја продолжи својата одлична форма минатиот викенд. Тие на домашен терен ја победија Астон Вила со 4:0 и моментално се на четвртото место во Премиер лигата со 24 бода. Калум Вилсон постигна два гола, а Џолинтон и Мигел Алмирон додадоа по еден. Тоа беше нивна трета победа во низа и петта во последните шест кола.

На тој натпревар се виде нешто што ги изненади навивачите и фановите на Премиер лигата. Имено, Њукасл направи дури шест замени, а тоа се случи за прв пат во историјата на лигата. Дел од јавноста сметаше дека тоа е голема техничка грешка на клубот со најбогатиот сопственик во светот, но тоа беше еден вид „дупка во прописите“.

Имено, во правилникот на англиската лига има и посебен протокол во случај да се посомнева дека некој од играчите доживеал потрес на мозокот. Со оглед на тоа дека токму тоа му се случи на голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, двата тима добија право на уште една замена и тоа го искористија.

Њукасл ги направи сите шест замени во последните 20 минути од натпреварот, а удобната ситуација на семафорот му овозможи на тренерот на „Страчките“, Еди Хау да одмори неколку клучни играчи на крајот од мечот.