Фудбал
Најдобрата асистенција која светот ја видел, ниту Роналдо не можеше да верува што направи Бекам (ВИДЕО)
Дејвид Бекам своевремено беше еден од најдобрите играчи од средниот ред во Европа, а најдобрите денови од кариерата ги помина во Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Бекам порасна во дресот на Манчестер Јунајтед и беше дел од големата генерација која ја освои Лигата на шампионите во 1999 година. Сепак, четири години подоцна тој се реши за трансферот за кој тогаш „грмеше“ цела Европа. Имено, Бекс по повеќе од десет години реши да ги напушти „црвените ѓаволи“ и кариерата да ја продолжи во дресот на Реал Мадрид каде исто така остави голема трага .
Бекам имаше неколку навистина фантастични партии во дресот на Реал Мадрид, а за неговите индивидуални асистенции се зборува и денеска. Една од нив е асистенцијата на мечот против Сарагоса кога Бекам повторно покажа колку е добар во долги топки, и дека во светот на фудбалот во тој поглед е без конкуренција. Реал Мадрид и Сарагоса го одиграа реваншот од полуфиналето на Купот на кралот. Гостите во првиот меч ги шокираа кралевите и славеа со 6:1. Реал успеа да слави со 4:0 во реваншот, но тоа не беше доволно за на крајот да се пласира во финалето.
На овој меч Бекам забележа асистенција, за која се зборува и денес кога на феноменален начин го вработи Роналдо кој погоди за 3-0. Самиот Роналдо беше изненаден како Бекам успеа да го „погоди“.
“Бекам беше еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот. Тој можеше да ја додаде топката каде сакаш. Дури и без да ме погледне. Морам да му се заблагодарам за многуте неверојатни асистенции, тој беше навистина неверојатен во тоа“, изјави Роналдо.
Бекам играше за Реал Мадрид четири сезони, а потоа во летото 2007 година реши да се пресели во ЛА Галакси како слободен играч по истекот на неговиот договор. Тој пред девет години ја заврши кариерата во дресот на ПСЖ.