Кошарка
Најдобриот хрватски кошаркар доби понуда како ниедна досега
Најдобриот хрватски кошаркар Бојан Богдановиќ, изминатава сезона му беше најдобра досега во својата НБА кариера. Во дресот на Индијана пејсерс одржуваше висок ритам, па нормално е оваа франшиза да сака да го задржи во своите редови.
Сепак, Богдановиќ сега е во дилема поради понудата на Јута Џез. Тие се подготвени да издвојат до 20 милиони долари годишно за неговите услуги, што би бил најбогат договор на Хрватот откако игра на НБА паркетите. Крилниот кошаркар воедно би станал и најплатен хрватски спортист на сите времиња, а тоа е една причина повеќе да ја прифати понудата на Јута.
Богдановиќ минатата сезона пропушти само еден натпревар од вкупно 82 во регуларниот дел, а одигра и четири меча во разигрувањата во кои одржуваше просек од 18 поени по натпревар.
Reporting with @ShamsCharania: The Utah Jazz are emerging as a significant threat to sign Bojan Bogdanovic away from the Indiana Pacers, League Sources tell The Athletic….The Jazz could have a competitive offer on the table as soon as tomorrow, according to sources
— Tony Jones (@Tjonesonthenba) June 30, 2019