Connect with us

Други спортови

Најдобриот македонски тенисер на тренинг со најдобриот во светот, Новак Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е во Белград, а таму се сретна со најдобриот на светот Новак Ѓоковиќ. Секако, можноста беше искористена за размена на неколку потези и удари, односно малку тениска лекција од Ѓоковиќ. Самото видео го објави Калин на социјалните мрежи. Дружбата со најдобриот секако ќе му значи многу во кариерата на младиот македонски тенисер.