Connect with us

SPORTM.mk

Најдобриот потег во кариерата на Бензема: Тројца го турнаа во корнер, по што следеше „понижување“ (ВИДЕО)

Карим Бензема отсекогаш го красеше епитетот врвен напаѓач, но дури во последните години неговиот квалитет доаѓа до израз.

Колку е постар Бензема на теренот, толку е подобар, а тоа го потврдува и неговата импресивна статистика од оваа сезона со 43 постигнати голови на исто толку натпревари.

Впечаток е дека Бензема конечно излезе од сенката на поголемите ѕвезди како Кристијано Роналдо, но далеку од тоа дека немал магични потези претходно.

На денешен ден во 2017 година го направи можеби најдобриот потег во кариерата. Тоа беше во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Реал Мадрид го доби првиот дуел против Атлетико со 3:0, но на Висенте Калдерон, Лос Бланкос се најдоа во неволја со раните голови на Саул и Гризман.

Во финишот на првото полувреме Иско погоди за Реал откако Бензема направи се. Французинот беше истуркан во корнер од тројца играчи на Атлетико, но Французинот успеа да се извлече од тешката позиција.

“Тоа беше магичен момент. Кога ќе ја погледнете снимката. Јасно е дека тој гол го постигнавме благодарение на Бензема”, изјави тогаш тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

“Мислам дека се работи за талент и самодоверба. Да се ​​биде сигурен во себе. Тоа беше многу убав потег кој не се гледа секој ден”, се присети Бензема.

Диего Годин, Стефан Савиќ и Хименез беа тие кои го турнаа Бензема во корнер со намера да го истуркаат од теренот, но на крајот беа само понижени…