Connect with us

Други спортови

Најдобриот скијач на светот падна на спуст, со хеликоптер е пренесен во болница (ВИДЕО)

Францускиот скијач Сиприен Саразин е изненадувачки победник на спустот во Бормио, Италија, но трката ја одбележа падот на досегашниот лидер во поредокот од Светскиот куп, Австриецот Марк Шварц.

Имено, Шварц падна на половина пат по патеката, завршувајќи во заштитна мрежа каде лежеше неколку минути. Откако му беше укажана помош, тој стана и одеше со тешкотии без поддршка на десната нога пред да биде пренесен со хеликоптер во болница.

Според австриските медиуми, Шварц при падот го повредил коленото. Инаку, Саражин го украде шоуто на патеката Стелвио со само втора победа во кариерата по победата на паралелниот слалом во Алта Бадија во 2017 година.