Други спортови
Најголемата посета во историјата на женскиот спорт!
Одбојкарскиот тим на Универзитетот во Небраска постави рекорд во светот на женскиот спорт – точно 92.003 навивачи присуствуваа на натпревар на оваа екипа. Небраска Корнхаскерс ја победи Омаха со 3-0 на Меморијал стадионот.
На крајот од вториот сет беше објавено дека е соборен рекордот, што предизвика општа екстаза кај многубројната црвенооблечена публика. Тоа беше кулминација на повеќемесечниот проект за промовирање на одбојката во Небраска, кој имаше за цел да ги собори рекордите на посетеност.
На овој начин беше соборен рекордот на посетеност од натпреварот помеѓу женските екипи на Барселона и Волфсбург во 2022 година. Тогаш на стадионот „Камп Ноу“ дојдоа 91.648 гледачи да им дадат поддршка на играчите на Барса.
Одбојката ужива голема популарност во Небраска, држава на средниот запад на САД, која има околу два милиони жители.
Билетите чинат 25 долари за возрасни и 5 долари за средношколци и помали деца. Меѓутоа, американските медиуми пренесуваат дека цената на билетот за оваа игра кај препродавачите била околу 400 долари.
Nebraska volleyball playing in front of a stadium-packed 90,000 fans 👀🏟️
(via @BigTenNetwork)pic.twitter.com/XGW8FFh53G
— Bleacher Report (@BleacherReport) August 31, 2023
На Универзитетот во Небраска тој ден наставата беше прекрасно, а тренерот на тимот Џон Кук објасни дека има само три причини за одложување на наставата во оваа образовна институција.