Connect with us

Фудбал

Најголемиот губитник во Франција ќе тужи, славниот клуб не се согласува со одлуката да се прекине сезоната

Набрзо откако стана јасно дека ПСЖ и официјално е прогласен за првак во Франција, дека во ЛШ ќе играат Марсеј и Рен,  а во ЛЕ Лил, Ремс и Ница, најголем губитник испадна славниот клуб Лион.

Сепак, раководството на оваа екипа не се согласува со одлуката сезоната да биде прекината според моменталниот изглед на табелата.

Лион има нешто слаба сезона, во моментов е на седмото место, но сепак веруваа дека до крајот ќе се изборат за едно од европските позиции. Затоа најавија судска тужба и разврска на целата ситуација.