Connect with us

Фудбал

Најголемиот ривал на Јувентус ја „издал“ идејата за Суперлигата, Ањели тврди дека сите останати имаат обврзувачки договор

Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели вели дека 11 клубови се уште се врзани со проектот за фудбалска Супер лига бидејќи, како што вели, потпишале договор на 120 страници во времето кога идејата била откриена.

Проектот Суперлига започна во април минатата година, но пропадна по само два дена поради големото незадоволство на навивачите ширум светот, што резултираше со повлекување на девет од 12-те клубови. На крајот со Јувентус останаа само Реал Мадрид и Барселона.

На вчерашниот „Фудбалски самит“ во Лондон, претседателот на Јувентус најпрвин предложи проектот за Суперлигата да не пропадне.

„Супер лигата не пропадна. Мое мислење е дека на европскиот фудбал очајно му се потребни реформи. Нема да прифатам прашања за Тебас, неговите изјави зборуваат сами за себе“, рече Ањели и додаде:

-УЕФА знаеше дека јас како претседател на Јувентус работам на нешто друго.Суперлигата е колективна работа на 12 клуба, а не на еден човек, 12 клуба потпишаа договор на 120 страници и се уште е обврзувачка за сите, освен изборот на Интер, потребни се подлабоки реформи, вели тој.

УЕФА претходно потврди дека нема услов Супер лигата да биде водечко натпреварување во Европа и дека сите клубови кои ќе бидат нејзини учесници ќе имаат огромни загуби.