Други спортови
Најголемиот тениски манијак се враќа на терените
Легендарниот чилеански тенисер, Марсело Риос, најави враќање од пензија во својата 43 година од животот. Поранешниот прв тенисер во светот се врати на тениските терени во егзибициониот меч во Еквадор, каде славеше против Николас Лапентија со 6:4, 5:7, 11:9.

Риос покажа дека и понатаму е во добра форма и сега тоа посакува да го покаже и во професионалниот тенис. Чилеанецот наскоро ќе наполни 43 години, а желба му е да стане најстариот тенисер кој освоил еден АТП турнир, иако одлучи да игра само челинџи.
- Тренирав напорно, со момци кои играат на високо ниво, Ми беше тешко, морав да ослабам и сега сум ја имам тежината која ја посакувам. Се чувствувам добро, среќно, во спротивно не би донел ваква одлука, порача Риос.
Тој исто така планира да настапи на турнирот во Охајо, кој стартува на седми јануари.
- Ризикувам да дојдам до повреда бидејќи многу тренирам, но подготвен сум и сакам да добија повик од организаторите па да си ја пробам среќата. Се чувствувам подготвено. Замислете го победникот со 43 години, тоа би било убаво, истакна Риос.
Инаку Чилеанецот во 1998 година, од крајот на март до крајот на април, мина четири недели на првото место на АТП листата, а потоа уште две во август истата година. Во кариерата освои 18 титули, но никогаш Грен слем, а најдобар резултат оствари во 1996 година кога играше финале на Австралија опен и загуби од Петар Корде.

Популарниот „Чино“ беше пример за неприлагодност во светот на белиот спорт. Додека неговото однесување за аристократите и конзервативците беше недолично и диво, другите ги воодушевуваше со самата појава на терен.
Многу контроверзи се поврзуваа со овој тенисер, а една од нив е кога ја исфрли својата сопруга од автомобил за време на возење. Потоа, поранешниот тренер наутро го прегазил со својот џип, за среќа останал неповреден, се тепал со таксист во Рим, уринирал луѓе во еден бар, пливал гол во хотелски базен…
По низата испади излегол во јавноста со информација дека боледува од Аспергеров синдром, што е вид – благ облик на аутизам. На 28 години одлучил да ја заврши кариерата, бидејќи не можел на крај да излезе со повредите.