Connect with us

Фудбал

Најкоментирана фотографија: Тензијата помеѓу Тен Хаг и Роналдо

Кристијано Роналдо конечно попушти, се појави на тренингот на Манчестер Јунајтед и во неделата го одигра првиот натпревар на „црвените ѓаволи“ летово, на „Олд Трафорд“ против Рајо Ваљекано.

Менаџерот Ерик тен Хаг се надева дека ќе го убеди Кристијано да се премисли и да остане во Манчестер Јунајтед, но раните знаци воопшто не се позитивни.

Португалецот изгледаше крајно фрустрирано во 45-те минути колку што беше на теренот и воопшто не беше импресиониран од советите кои ги добиваше од поранешниот тренер на Ајакс.

Сликите кажуваат се, кога Манчестер Јунајтед не може да доминира против ривал како Рајо, борбата за титулата повторно изгледа нереално.

Големото прашање е што следува? Кој ќе биде следниот потег на Кристијано Роналдо?