Фудбал
Најлошата минута во кариерата на Мбапе – Промаши два пенали, а потоа …
Фудбалерите на Пари Сен Жермен пропуштија водство по првите 15 минути од натпреварот од 21. коло на француската Лига 1 против Монпеље на гости, а главен виновник е Килијан Мбапе.
Се играше во 10. минута кога беше досуден пенал за парижаните, а одговорноста ја презеде Мбапе.
Најдобриот француски фудбалер лошо го изведе пеналот , домашниот голман Бенжаман Леком го прочита неговиот удар и лесно го одбрани, за среќа на Мбапе, еден од домашните фудбалери влезе во шеснаесетникот пред да го изведе ударот од „белата точка“, па пенал се повтори.
Сепак, Мбапе не беше успешен ниту во вториот обид. Леком со одлична парада успеа да одбрани, а по пеналот на одбиената топка повторно налета Мбапе и го префрли целиот гол од петтерецот.
¡LO QUE TE PERDISTE, KYLIAN! 😨
🔄 A Mbappé le atajaron un penal, pero el VAR se lo hizo patear nuevamente
🧤❌ Lecomte, arquero del Montpellier, se lo volvió a tapar y Donatello la tiró por arriba en el rebote pic.twitter.com/h4UAUqJ2Yn
— Diario Olé (@DiarioOle) February 1, 2023