Фудбал
Најлоши вести за Луис Енрике, втор позитивен случај на коронавирус во „црвената фурија“
Дефанзивецот Диего Љоренте е фудбалерот чии резултати на тестирањето биле позитивни. Бускетс во неделата беше позитивен, па целиот тим мораше во изолација и поради тоа вчера Шпанија на пријателската со Литванија играше со репрезентацијата до 21 година.
Шпанците дебитираат на Европското првенство в понеделник. До денот кога ќе се сретнат со Шведска, тие ќе тренираат во помали групи, со цел да спречат евентуално ширење на вирусот кај останатите репрезентативци.
Засега не е јасно дали Бускетс и Љоренте ќе бидат подготвени за настап на првиот натпревар на Шпанија на ЕУРО 2020 во понеделник. Веројатно ќе мораат да ги пропуштат првите две кола од групата.
Останатите фудбалери остануваат изолирани еден од друг и во последните денови тренираат исклучиво индивидуално. Поради овие новонастанати проблеми Шпанија синоќешниот пријателски меч со Литванија го одигра со својата младинска репрезентација, за да не дојде до ширење на вирусот.