Connect with us

Фудбал

Најпознатиот англиски судија добива смртни закани поради црвени картони

Англискиот судија, кој е еден од најдобрите во Европа, Мајк Дин, пријавил во полиција дека добива смртни закани поради доделени црвени картони. Тој се сомнева дека тоа го прават навивачите на Вест Хем и Саутемптон поради црвените картони за Томаш Соучек и Јан Бендарек.

Имено, тој на Бендарек покажа црвен на мечот со Јунајтед, а Соучек го исклучи во ремито помеѓу Фулам и Вест Хем.

Во меѓувреме двата картони се поништени, а судијата доби критики дека направил големи грешки.