Други спортови
Најпровокативната тенисерка на светот со поддршка за Новак, предизвика лавина од коментари: Најголем фан на Роџер, но…
Ежени Бушар важи за најпровокативната тенисерка на светот, таа не одолеа да го коментира Новак Ѓоковиќ кој го освои Ролан Гарос. Новак напиша историја, ги помести границите, ги помести сопствените рекорди, се оддалечи од Федерер и Надал.
Нема веќе спорови, нема дилеми, само лично прашање е кој каков стил на тенис повеќе сака. Кога станува збор за дилемата кој е најдобар и најуспешен – нема!
I’m the biggest Roger fan but we all have to admit Novak is the undisputed goat. Insanely impressive.
— Genie Bouchard (@geniebouchard) June 11, 2023
-Јас сум најголемиот фан на Роџер, но сите мораме да признаеме дека Новак е неприкосновен како најголем на сите времиња. Неверојатно импресивен – јасна е Бушар.
Таа потоа ја поздрави пораката на Енди Родик, која беше поконкретна.
– Тешко е да се изнесуваат какви било аргументи врз основа на бројки против Новак кој е најдобар. Ако правите аргументи против него, тие главно се засноваат на чувствата, а не на записите. Честитки за 23-та титула! Лудо е дури и да се мисли дека ова е можно – беше неговата порака.
Секако, сето ова беше доволно да предизвика лавина коментари, особено од перспектива на фановите на Федерер и Надал на социјалните мрежи.