Тајмаут
Најсе*си жената на светот ќе пее во финалето на Лигата на шампиони (ФОТО)
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави дека атрактивната бразилска пејачка Анита ќе настапи за време на финалето на Лигата на шампионите. Анита на 10 јуни ќе ја забавува публиката во Истанбул заедно со нигерискиот музичар Бурна Бој пред натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Интер.
View this post on Instagram
Бразилката минатата година го имаше најголемиот светски хит „Енолвер“. Таа достигна неверојатна популарност, па со рекордната продажба на нејзиниот петти албум беше номинирана за наградата Греми.
View this post on Instagram
– Многу ми е драго што ја дознав оваа вест и чекам да се појавам на сцената за време на финалето. Се надевам дека ќе им приредиме одлично шоу на гледачите ширум светот. Не пропуштајте – рече Анита.
