Тајмаут
Најсексапилната навивачка на светот сака само едно од Путин и руските војници
Марија Лиман ја доби наградата за најсекси навивачка на Светското првенство во Русија 2018 година.
Марија е Русинка и голем навивач на Челзи, веројатно поради рускиот тајкун Роман Абрамович. Освен Челзи од Лондон, таа има страст и за руската фудбалска репрезентација, но не и за армијата на таа земја.
Убавата Русинка не остана рамнодушна на критичната ситуација во Украина и објави порака со поддршка, но и изрази желба војната што поскоро да заврши.
“Сакам мир. Сакам да бидам горда што сум Русинка. Ние сме уникатен и талентиран народ. Затоа Русите гласаа за Путин, кој го сака својот народ. Затоа, ве молам, руска војска и други, престанете со вооружените операции. Дојдете на маса и преговарајте. Сите страдаме“, напиша манекенката на Инстаграм.
Останува да се види дали руските лидери ќе ја слушнат и ќе го запрат крвопролевањето на украинска територија што трае веќе десетина дена.
