Connect with us

Фудбал

Најскапото засилување на Ливерпул ги избриша сите фотографии поврзани со „црвените“, заминувањето се поизвесно

Дарвин Нуњез ги избриша сите објави поврзани со Ливерпул од својот Инстаграм профил, што дополнително ги подгреа шпекулациите дека тој би можел да ги напушти „црвените“.

Нуњез во последните недели беше жестоко критикуван за неговата хронична неефикасност, а на вчерашниот натпревар против Тотенхем промаши шут во ситуација еден на еден, по што доби дополнителни критики и навреди на социјалните мрежи.

Покрај тоа, 24-годишниот фудбалер оваа сезона беше фатен во офсајд 32 пати во Премиер лигата, повеќе од кој било друг играч во англиското првенство.