Connect with us

Тајмаут

Најубавата фудбалерка била со фудбалерка, потоа со фудбалер: Тоа е нормално! Врската „пукнала“ поради провокативни фотографии!

Алиша Леман, швајцарската фудбалерка на Астон Вила, која важи за најатрактивната жена во фудбалот, повеќе пати ја шокираше јавноста со својот бурен љубовен живот. Таа во моментов е најпопуларна фудбалерка во светот, неодамна го престигна Роџер Федерер на листата на најследени спортисти од Швајцарија. Откако беше во романтична врска со фудбалерка од истиот тим Рамона Бахман, следеше голема промена, бидејќи Алиша започна романса со Даглас Луиз, играч кој настапува за машкиот тим на Астон Вила. Тогаш јавноста дозна за нејзината бисексуална ориентација, а во интервју за „Скај“ кој ја прогласи за најголема ѕвезда на женскиот фудбал, таа зборуваше за нејзината сексуална определба и за тоа како луѓето околу неа реагираат на тоа.

“Би рекла дека бисексуалноста е нормална за нас во женскиот фудбал. Сите нè прифаќаат така. Во светот повеќето луѓе велат дека ја прифаќаат, а потоа зад грб велат “О Боже”. Мојата генерација порасна така што сите се прифатени како што се. Можеби постарата генерација има проблем со тоа, но мислам дека нема да биде проблем за 20 години“, објасни Алиша.

Во меѓувреме раскина и со Луиз, а јавноста шпекулираше дека причина за раскинувањето се нејзините атрактивни фотографии од календарот што го објави. На Луиз ова му пречело и почнал да се жали дека сепак не требало да го направи тоа. Алиша во текот на кариерата често даваше контроверзни изјави кои добија многу коментари. Пред две години таа рече дека мажите не доаѓаат да гледаат женски фудбал поради фудбалот, туку поради жените кои играат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alisha Lehmann (@alishalehmann7)



Advertisement