Connect with us

Кошарка

Намерно го оставаа Зион да шутира, а тој не можеше да престане да погодува

Првиот пик на НБА драфтот Зион Вилијамсон го одигра својот прв натпревар во дресот на Њу Орлеанс Пеликанс.

Зион помина само 18 минути на паркетот, но за тоа време успеа да постигне дури 22 поени.

Вилијамсон беше особено импресивен во последната четвртина. За само три минути постигна 17 поени, а кошаркарите на Сан Антонио Спарс буквално го оставаа да шутира од линијата за три поени.

Очигледно мислеле дека Зион нема вистински шут. Сепак, ги казни и погоди четири тројки од исто толку обиди и покажа дека неговата сила не е само во неверојатната физичка градба.

Вака изгледаше моментот на лудило на новата НБА ѕвезда.