Connect with us

Фудбал

Намерно сакав да повредам некого, Џон Тери го напушти стадионот со патерици-ФА бара објаснување за ова од Вејн Руни

Фудбалската асоцијација (ФА) побара објаснување од Вејн Руни, бидејќи легендарниот англиски фудбалер откри дека сакал да повреди ривалски играч на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи во април 2006 година. Во интервју објавено во неделата, Руни изјави дека ги сменил копачките со намера да повреди некого на „Стемфорд Бриџ“.

-Знаевме дека Челзи тој ден ќе ја освои титулата доколку не победи, се присети 36-годишниот фудбалер.

-До последниот ден од мојата кариера носев копачки со пластични дерези со метал одозгора. Но тој ден ги заменив, носев метални дерези со максимална големина, за да повредам некого. Се знаеше дека ќе победат тогаш, беа подобар тим. Па ги сменив копачките, тие дерези беа легални. На крајот повредив некого. Џон Тери го напушти стадионот со патерици. Му направив дупка во стапалото. Подоцна му го дадов мојот потпишан дрес. Неколку недели подоцна, го замолив да ми го врати крампонот, изјави Руни. Јунајтед загуби со 3-0 тој ден. Дерби, клубот кој сега го води Руни како менаџер, одби да го коментира интервјуто.