Connect with us

Фудбал

Наместо на полуфинале од ЕП, отишол во болница и спасил живот – сега доби карти за финале!

Навивач на Англија е вистински херој! Имал купено два билети за полуфиналето од Европското првенство во фудбал (ЕУРО 2020), но еден повик од болницата променило се, па наместо на стадион момчето завршило во болница.

Тој добил повик од болница од каде му било соопштено дека само тој може да спаси живот, односно дека на пациент му е потребна трансплантација на матични клетки.

„Животот е поважен од фудбалските натпревари. Ништо не може да биде поважно од спасување човечки живот“, кажа навивачот.

Момчето веднаш отишло и со тоа спасило живот, а подоцна на социјалните мрежи беше покрената иницијатива момчето да добие билети за финалето од Европското превенство закажано за в недела.

Тоа и се оствари откако неколку познати лица се вклучија во акцијата.