Connect with us

Фудбал

Наместо премии, Интер ги почасти со намалување на платите, играчите не се согласуваат

Наместо премии, играчите и стручниот штаб на Интер ги дочека предлог за намалување на трошоците. Под притисок на финансиските проблеми, претседателот Стивен Жанг пред вработените изнесе предлог за намалување на платите, што предизвика негативна реакција.

Како што пренесува Кориере дело Спорт, фудбалерите на Интер го одбиле предлогот на Стивен Жанг да помогнат во овој тежок период и со кратење на платите да придонесат за намалување на трошоците. Претседателот предложил играчите и персоналот сега да се откажат од една или две месечни плати и овие пари да ги добијат во следните две години.

Весникот додава дека финансиската криза може да го натера Антонио Конте да замине, и не само тој, туку и генералниот извршен директор Бепе Марота и спортскиот директор Пјеро Аусилио.

Би можел да биде жртвуван и Ромелу Лукаку доколку пристигне понуда од преку 120 милиони евра.

Доколку се реализира ово црно сценарио, тоа ќе значи крај на проектот на Интер, и почеток на нов.2