Тајмаут
Нападите станаа премногу сериозни: Големите ѕвезди ангажираат припадници на специјалните сили
Големите фудбалски ѕвезди од англиската Премиер лигата во последните години често беа мета на ограбувачки напади.
Семејствата на фудбалерите се плашат за безбедноста по бројните напади, дури и физички, па големите ѕвезди решија да се грижат за безбедноста на своите најблиски.
Многумина од нив решија да ангажираат поранешни војници за да ја зајакнат безбедноста на нивните домови. Припадниците на специјалните сили на британската армија станаа многу популарни и многумина се вработија кај фудбалски ѕвезди.
Преку нивниот ангажман, тие сакаат да ги заштитат семејствата и домовите што е можно повеќе додека се отсутни. Нападите се случувале најмногу за време на натпревари, а грабежите биле внимателно планирани.
„Се повеќе фудбалери купуваат дресирани кучиња, но многумина сакаат физичко присуство дома. Тие се свртеа кон ангажирање на компании чии членови се поранешни припадници на специјалните сили на британската армија“, пишуваат англиските медиуми.
Последен играч чиј дом беше цел на нападот беше играчот на Манчестер Јунајтед Виктор Линделоф. Неговата сопруга и децата биле нападнати додека тој играл натпревар, а во декември фудбалерот на Сити Жоао Кансело се здобил со повреди по напад на банда во неговиот дом.
Не е ни чудо што фудбалерите сакаат да се заштитат што повеќе, а крадците двапати ќе размислат за нападот кога ќе видат огромно обезбедување пред луксузните куќи.