Connect with us

Фудбал

Напаѓач од Венецуела во Работнички, Сантијаго Родригез од вицепрвакот Каракас во тимот од Дебар Маало

Работнички доведе уште едно засилување во зимскиот преоден рок. Нов фудбалер на тимот од Дебар Маало е Сантијаго Родригез (20), крилен напаѓач кој доаѓа од Каракас, најпознатиот клуб и актуелен вицепрвак на Венецуела. Тој потпиша договор и се приклучи на подготовките на тимот во Анталија.

За Сантијаго Родригез доаѓањето во ФК Работнички ќе биде прво интернационално искуство и предизвик да се наметне во европскиот фудбал.

Минатата сезона тој одигра 28 натпревари за тимот на Каракас и постигна пет гола. Каракас е клуб со 12 шампионски титули во првенството на Венецуела, а минатата сезона ја заврши на втората позиција.