Connect with us

Фудбал

Напаѓачот на Аталанта повторно има психички проблеми и нема да игра

Јосип Иличиќ повторно не игра за Аталанта. Меѓутоа не е проблем повреда или пад во форма, туку фудбалерот има психички проблеми. Ова го потврди и самиот тренер на тимот од Бергамо, Гасперини.

-Можам да кажам дека ние секогаш ќе бидеме до него, бидејќи овие ситуации одат далеку надвор од фудбалот и професијата. Ние го знаеме Иличиќ со години, сме имале многу среќни моменти. Можам да кажам дека е многу нормална личност, позитивен, но нашите умови понекогаш можат да бидат џунгла. Тешко им е и на психијатрите да ги решат сите работи, а не самите ние, вели Гасперини.

Последен пат Иличиќ во дресот на Аталанта настапи на 9-ти јануари во победата против Удинезе од 6:2. Синоќа на мечот со Лацио кој заврши 0:0 не беше во составот.

Пред речиси повеќе од една година, Иличиќ исто така имаше психички проблеми. Тогаш медиумуте пишуваа дека паднал во психолошка криза бидејќи дознал дека неговата сопруга го изневерила.