Тајмаут
Напаѓачот на Интер е катастрофа на теренот, ама надвор од него… Поентирал кај 21 годишната италијанска убавица, ќерка на познат фудбалер (ФОТО)
Интер не блеска оваа сезона, а Аргентинецот Хоакин Кореа не само што постигна само три гола оваа сезона и не е во форма, туку го пропушти Светското првенство и не го освои златото во Катар. Сепак, иако не му оди на теренот, што се однесува до приватниот живот, таму му оди одлично.

Тој започна врска со убавата Кјара Касираги. Италијанските медиуми пренесуваат дека свадбата е се поблиску, а заљубениот пар не ја крие врската и нивните профили на социјалните мрежи се преполни со заеднички слики.
Оваа убава Италијанка е ќерка на легендарниот Пјерлуиџи Касираги, поранешен фудбалер на Монца, Јувентус, Лацио и Челзи.
