Connect with us

Фудбал

Напаѓачот на Интер постави необичен рекорд во Лигата на шампионите, тешко дека некој ќе го сруши!

Гледавме неверојатна вечер во Лигата на шампионите, а во неверојатното реми на Интер со Бенфика од 3:3 падна еден рекорд. Големиот ветеран во дресот на „Нерoaзурите“ Марко Арнаутовиќ собори рекорд кој тешко дека некогаш ќе падне! Интер на полувремето губеше од Бенфика со 3:0, а потоа во 51. минута Арнаутовиќ го постигна првиот гол и со тоа го собори рекордот на елитното натпреварување, бидејќи претходниот гол во Лигата на шампионите го постигна пред 4.740 денови! Поточно, последнот гол Арнаутовиќ го посртигнал во 2010 година кога настапуваше за Вердер Бремен. Голот го постигна токму против Интер, неговиот сегашен клуб. Поминаа 13 години, а Арнаутовиќ повторно стрела во ЛШ.