Connect with us

Фудбал

Наполи е лидер во Италија, Елиф Елмас асистираше во победата над Лацио (ВИДЕО)

Наполи славеше на гостувањето кај Лацио со 1:2 и ги искористи киксовите на Милан и Интер и го презема врвот во Серија А со 57 бодови, исто колку и Милан, но има подобра гол разлика. Интер падна на третото место со 55, а Јувентус има 50 бодови. Трката за титулата во Италија и тоа како ќе биде интересна.
По првото полувреме кое беше црвсто и во кое Лацио имаше поизгледни шанси, во вториот дел шок. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 57-ма минута, а веќе во 62-та асистираше за гол на Инсиње. Во 88-та минута израмни Педро на 1:1, но сепак Наполи замина со сите три бода благодарејќи на голот на Руиз во 94-та минута.
Во следното коло, следниот викенд Наполи игра против Милан, Интер е домаќин на Салернитана, додека Јувентус е домаќин на Специја.

Standings provided by SofaScore LiveScore