Фудбал
Наполи и Елмас се вратија во игра за титулата (ВИДЕО)
Наполи со 2:0 ја совлада Венеција на гостински терен, па со новите три бода го стигна Милан на табелата, а сега на второто место има само еден бод помалку од лидерот Интер. Со синоќешниот пораз на Интер, а победата на Милан и Наполи трката за титулата станува понеизвесна.
Победата Озимех во 59-та и Петања во судиското надополнување од мечот беа стрелци на головите за Наполи вредни три бода. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 79-тата минута.
Standings provided by SofaScore LiveScore