Фудбал
Наполи ја соопшти цената за Кулибали и… ги одби сите заинтересирани
Калиду Кулибали е еден од најбараните дефанзивци на пазарот, но неговата цена тешко дека може некој да ја прифати.
Кулибали во последниве сезони се разви во еден од најдобрите дефанзивци во Европа, па соодветно на тоа првиот човек на Наполи реши малку да му ја подигне цената.
И кога „загризаа“ великаните како Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Јувентус и Манчестер Сити. е Лаурентис и Наполи одлучиа да одреда вредност на играчот од дури 150 милиони евра.
„Кулибали има клаузула за ослободување од 150 милиони евра. Оние кои се заинтересирани за играчот, знаат колку трошат“, рече Карло Алвино, дописник на „Sky Sporta“.
Доколку некој одлучи да го купи Кулибали за 150 милиони евра, ќе стане апсолутен рекордер кога се во прашаењ трансферите кај дефанзивците.
28-годишниот штопер од 2014. година е член на Наполи, а претходно настапуваше и за Метз и Генк. За репрезентацијата на Сенегал одигра 32 натпревари.