Фудбал
Наполи нема пари за саканото засилување
Наполи под итно мора да ја засили конкуренцијата во нападот и да донесе барем уште еден напаѓач во јануари.
Карло Анчелоти на располагање има само еден класиче центарфор, Аркадиуш Милик, а поради тоа што Полјакот често има проблем со повредите, крилните играчи се приморани да играат на таа позиција.
Веќе се зборуваше дека една од желбите на Наполи е сензацијата во есенскиот дел од Серија А, напаѓачот на Џенова Криштоф Пиатек. Сепак, Анчелоти има уште една мета.
Наводно голема желба на Карло Анчелоти е младиот напаѓач на Ајакс Каспер Долберг. Сепак, менаџерот на Данецот Стефенсен смета дека Наполи нема доволно пари за да го осигура трансферот на неговиот клиент.
„На Наполи одамна му се допаѓа мојот клиент, но изгледа дека тој трансфер не е остварлив за нив. Тој вреди повеќе од 30 милиони евра, а Наполи може да понуди до 30 милиони евра. Но доколку испрати адекватна понуда ќе бидеме подготвени да разговараме со нив“, порача Стефенсен