Connect with us

Фудбал

Наполи стигна само до бод при гостувањето на Сардинија

Наполи не успеа да го стигне Милан на врвот во Серија А, откако ремизираше 1-1 на гостувањето кај Каљари. Натпреварот беше од 26. коло на Калчото. Гастон Переира ги доведе домаќините во предност во 58. минута, а израмни Виктор Осимен на три минути пред истекот на регуларното време.

Така, „аѕурите“ собраа 54 бода и остануваат на третото место во поредокот со два бода помалку од лидерот Милан. „Рособлу“ се во зоната за испаѓање со 21 бод.

Првата добра можност за гол се отвори за Жоао Педро, но неговиот удар помина покрај десната греда. До крајот на првото полувреме и двете екипи не успеаја да направат нешто посериозно пред една од двете врати.

Во 53. минута Алесандро Деиола беше блиску до гол откако прекина додавање, но со удар од непосредна близина не ја пронајде контурата на вратата.

Пет минути подоцна Деиола го пронајде Гастој Переиро, кој погоди за 1-0 со убав удар од далечина.

Во 61. минута Оспина му одврати удар со глава на Дејола по центаршут во шеснаесетникот. Топката падна во Давиде Басели, кој шутираше преку вратата.

Во 86. минута Разван Марин можеше да реши се на натпреварот. Романецот биеше во горниот лев агол, но Оспина успеа.

Набргу потоа, Наполи дојде до израмнување. Виктор Осимен прескокна одбранбен играч на далечна статива по центаршутот на Марио Руи и не му остави никакви шанси на голманот Кранио.