Фудбал
Наполи веќе почна да продава дресови на Манолас
Наполи го официјализираше трансферот на Костас Манолас за сума од 36 милиони евра. Италијанскиот вицепрвак ја активираше клаузулата која му стоеше на Гркот во договорот со Рома, а со Наполитанците потпиша петгодишна соработка, според која ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона, а таа може да се зголеми на дополнителен еден милион со одредени бонуси.
Во спротивна насока треба да замине играчот за врска Амаду Дијавара, за кого Римската волчица ќе исплати 18 милиони евра и плус три милиони во бонуси. Репрезентативецот на Гвинеја ќе го оствари трансферот по завршувањето на Африканскиот куп на нациите.
Во официјалниот фан-шоп на Наполи уште вчера навечер се појавија дресовите на Манолас, а грчкиот интернационалец ќе го носи бројот 44. Карло Анчелоти доби екстра засилување во пресрет на новата сезона, а со Манолас ја зацврсти одбраната со која веќе командува Калиду Кулибали.
Манолас, пак, преку својот инстаграм-профил се прости од навивачите со Рома: „Дадов сè од себе бранејќи ги боите на Рома. Поминав пет прекрасни години тука, благодарен им сум на управата, тренерите, соиграчите за одгромната поддршка. Рома секогаш ќе ми биде во срцето“.
View this post on Instagram
“Voglio ringraziare gli allenatori, i compagni di squadra e tutti i tifosi che in questi anni mi sono stati vicino e mi hanno sostenuto. Ho passato 5 anni meravigliosi, ho sempre dato tutto con amore per questa squadra”.Ciao e grazie Roma!!
A post shared by Kostasmanolas (@kostasmanolas44) on Jun 30, 2019 at 2:43pm PDT