Connect with us

Други спортови

Наредниот месец ќе им пресудат на Хабиб и Конор

Иако требаше да се донесе одлуката околу казната за УФЦ борците Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов, сепак тоа не се случи. Станува збор за инцидентот кој се случи на УФЦ 229, кога Русинот по победата над Ирецот, ја прескокна оградата на октагонот и се обиде физички да се пресмета со тимот на противникот.

Хабиб требаше да биде сослушан пред комисија, но истото ќе биде направено на 29 јануари наредната година. Шампионот во лесна категорија е привремено суспендиран додека комисијата не донесе конечна одлука, која потоа треба да ја одреди неговата казна.

Тоа значи дека се до 29 јануари, Хабиб и Конор не смеат да договаат никаква борба, иако последните неколку дена се споменување за нивен евентуален реванш.

Покрај Нурмагомедов, и Ирецот наредниот месец ќе мора да се појави на сослушувањето, а наводно овој датум е поместен за да дојде до некаква спогодба, која би ги задоволила сите актери во овој процес.

Инаку, Мекгрегор, последните неколку денови влезе во жестока расправија со УФЦ аналитичарот Џо Реган, кој изјави дека Макс Холовеј е најдобриот борец во историјата на перолесна категорија.

  • Ако Холовеј е најдобар, тогаш кој сум јас? – се зачуди Мекгрегор.