Connect with us

Кошарка

НАСА му одговори на Кари: Дојди во Хјустон да ти докажеме

Американската вселенска агенција НАСА го покани кошаркарот на Голден стејт, Стеф Кари на посета во Хјустон во обид да го „разубедат“ околу неговите сомнежи за слетувањето на месечината.

Ова доаѓа откако Кари во едно интервју јасно посочи дека не верува дека Американците со технологија од пред 50 години успеале да слетаат на месечината.

  • Не верувам дека сме биле на месечината. Знам дека отварам тема на теорија на заговор, но тоа е моето мислење, изјави Кари.

По оваа изјава на ѕвездата на „воините“, НАСА сака да го демантира околу неговото ненаучно мислење.

  • Би сакале господинот Кари да дојде во „Џонсон спејс центарот“ во Хјустон, каде што имаме стотина килограми камења од месечината. Може лично да види што е правено пред 50 години и какви се плановите за иднината, изјави претставник на НАСА, Алард Бојтел за „Њујорк тајмс“.

Од натпреварите кои се одиграа во НБА лигата, Хјустон забележа победа на домашен терен против Портланд со 111:104, Сан Антонио на свој терен беше подобар од Феникс со 111:86, додека единствената гостинска победа ја извојува Торонто против екипата на ЛА Клиперс со 123:99.