Connect with us

Други спортови

Наследникот на Хабиб се враќа во сабота: Нема никој што може да го победи, тој е машина

Published

on

Хабиб Нурмагомедов е во Лас Вегас каде ќе присуствува на настанот на УФЦ 259 каде ќе се бори и неговиот голем пријател Ислам Махачев.

Фантастичниот Ислам ќе се бори против Дру Добер и ова ќе биде негов прв натпревар по септември 2019 година.

Хабиб е голема поддршка за Ислам. Со него работи долго време, а одамна го прогласи за свој наследник на тронот во лесна категорија.

Во интервју за ЕСПН, тој истакна дека верува дека Махачев наскоро ќе го преземе појасот во лесна категорија.

„Сите зборуваат за Дастин, Конор, Чендлер, Гатже и Оливеира, но до крајот на годината тоа ќе се промени. Не верувам дека има некој што може да го победи Ислам Махачев. Тој ќе го преземе тронот и ќе владее со него. Неговото време доаѓа“, рече Хабиб за ЕСПН.

Сепак, оттогаш тој ги заврши сите шест борби без никакви проблеми, а тренерот Хавиер Мендез тврди дека Ислам е вистинската машина.

„Луѓето треба да разберат дека ова момче е вистинска машина. Не гледам дека некој може да го победи во кој било сегмент. Се разбира, секогаш може да има удар, со мали нараквици сè е можно, но нема борец што против Махачев може да дојде до поени. Не се шегувам“, рече Мендез.

Ислам во својата кариера има направено 19 борби. За разлика од Хабиб, тој има еден пораз, а тоа му се случи пред шест години во неговиот втор настап во УФЦ. Тој беше нокаутиран од Адријано Мартинс.

Facebook