Connect with us

Тајмаут

Насмевката избледе од убавото лице: Објавени фотографии од Шакира, како да не е истата жена

Шакира (45) и Жерар Пике (35) не се заедно скоро месец.

Зад нив има неполни 12 години врска, но Шакира не издржа што стоперот на Барселона ја изневерил со друга и многу помлада девојка, па веднаш побарала раскинување, без разлика што имаат две деца.

Пике неодамна беше снимен во друштво на млада девојка во Стокхолм на забава, а таа важи за новата избраничка на поранешниот шпански репрезентативец.

Изгледа дека сето тоа не го поднесува баша најдоро, со оглед на тоа што папараците утрово ја уловија Шакира која изгледа целосно уништено додека се вози дома.

На сликите се гледа многу тажна и внимателна, а ова се и нејзините први слики во јавноста по раскинувањето со Пике.

Да потсетиме дека претходно се појавија неколку пораки напишани со спреј пред нејзината куќа. Непознат маж и напишал дека ја сака и доаѓа по неа и дека е подготвен да се ожени со неа.

Сето тоа го пријавила во полиција, се грижи за нејзината безбедност, а во меѓувреме планира да отпатува во Мајами и таму да го продолжи животот.