Фудбал
„Натпреварот на „Сан Сиро“ беше биолошка бомба, тоа е местото каде што започна сето ова“
Италијанскиот пулмолог од Бергамо, Фабијано Ди Марко ги откри деталите што ги доживува секој ден во болницата, но исто така откри дека натпреварот од Лигата на шампионите направил многу штети на населението во неговиот град.
Пандемијата на коронавирус започна на 21 февруари и Ди Марко смета дека не биле подготвени во Италија за тоа што требало да дојде.
„Знаев дека се спрема катастрофата на 1 март. Рано наутро влегов во собата за итни случаи и го видов она што никогаш нема да го заборавам. Тоа беше војна, немам друга дефиниција. Пациентите беа насекаде со воспаление на градите, се бореа за здив. Тие беа на инвалидски колички, во ходниците. Ги отворивме сите простории и сè беше полно. Италија сакаше да ги отвори градови, а ние потрошивме 5000 маски со филтри за 24 часа. Имаше целосна паника“, рече Ди Марко.
Првата смрт дојде два дена подоцна, но ниту тој ниту неговите колеги не ја сметаа оваа работа како сериозна.
„Тој беше многу стар и многу болен“, тврди Ди Марко.
Во наредните денови, следеше вистински хаос …
„Имаме 15-20 мртви во дневно, над 150 пациенти во клиниката и јас ви гарантирам дека во моментов сме најдобро опремена болница во Европа за оваа ситуација. Замислете да не сме …“, истакна Ди Марко.
Според него, сето тоа започна со натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија на „Сан Сиро“ …
„Слушнав многу теории за тоа, и ќе ви кажам што мислам. Беше 19 февруари, а 40.000 жители на Бергамо беа на „Сан Сиро“ на натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија. Тие одеа со автобус, автомобили, со воз … Тоа беше биолошка бомба, за жал“, заклучи италијанскиот доктор.
Бергамо и Милано се двата најзагрозени градови во светот.