Други спортови
Националната пливачка федерација ќе поднесе кривични пријави, ако биде спречена да гласа на утрешното Изборно собрани на МОК
Скопје, 27 октомври 2020 (МИА) – Претседателот на Националната пливачка федерација (НПФ), Александар Филипчев на денешната прес-конференција, апелира, да им биде дозволено со свој претставник да учествуваат на утрешното Изборно собрание на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Филипчев предупреди дека НПФ ќе поднесе кривични пријави во случај да им биде, како што рече, одземено легитимното право на глас.
- Ги известуваме медиумите и македонскста јавност дека доколку на претстојното Изборно собрание од страна на Олимписки Комитет на Северна Македонија (ОКСМ) не биде дозволено учество на претставник на Националната Пливачака Федерација, туку наместо нас се дозволи учество на таканаречената и правно непостоечка и измислена „Пливачка федерација на Северна Македонија“ (со самонаречен претседател Александар Маленко) кој е нерегистриран субјект во Централниот регистар на Република Северна Македонија, тогаш ќе поднесеме кривични пријави против: Претседателот на МОК Васил Тупурковски, Генералниот секретар на ОКСМ Сашо Поповски, членовите на верификационата Комисија на изборното собрание на ОКСМ , записничарот и оверувачите на записникот од собранието на ОКСМ закажано да се одржи за 28.10.2020 година, изјави Филипчев.
Првиот човек на НПФ додаде дека Александар Маленко лажно се претставува како претседател на непостоечката Пливачка федерација на Северна Македонија.
- Собранието на ОКСМ иако претходно писмено и со приложени дикументи од Централниот регистар се известени од нас дека Пливачка Федерација на Северна Македонија со претседател Александар Маленко не е регистрирана во Централниот Регистар на Република Северна Македонија, дека не постои и дека е измама. На минатото собрание на Олимписки Комитет на Северна Македонија што се одржа на 21.12.2019 година раководството дозволи учество на федерација што нигде не посоти во институциите на државата за што ние против членовите на верифакациона комсија , притив оверувачите на записникот и против лажно претаставнеиот делегат на непостоеечката федерација кој со цвојот потпис го потврдил учетсвото на тоа собрание Владимир Пејковски веке испртивме кривични пријави.
Филипчев го повика Јавното обвнителство на Република Северна Македонија да утврди дали Олимписки Комитет на Северна Македонија во изминатите година дена, финансирал проекти и исплаќал средства на „Пливачка Федерација на Северна Македонија“.
На прес-конференцијата беа презентирани документи од Централен регистар на Република Северна Македонија каде се гледа дека Александар Маленко кој беше претседател на Пливачката Федерација на Македонија е разрешен и на негово место е избран Александар Филипчев, а на истото собрание Пливачката Федерација на Македонија е преименувана во Национална Пливачка федерација. зс/