Connect with us

Кошарка

Натурализираниот Македонец Ти Џеј Шортс го менува клубот, силен интерес од Басконија

Шпанскиот тим Басконија силно се интересира за услугите на новопечениот македонски репрезентативец Ти Џеј Шортс. Како што велат тие, големи се шансите тој наскоро да го напушти тимот на Бон и да се пресели во Басконија.

Американецот со македонски пасош, освен во македонската репрезентација, одлично игра и во Бундеслигата, каде четири пати во последните осум кола е МВП на колото.

Шортс просек од 19,1 поени, 7,3 асистенции и 3,6 скокови по меч, додека во кошаркарската Лига на шампионите 24,2 поени, 6,7 асистенции и 4,2 скокови.

 

Facebook